Во една емисија, Луна Ѓогани зборуваше за своите планови кога станува збор за нејзината музичка кариера, која започна да ја гради откако излезе од реалното шоу „Задруга“.
Луна доби прашање кога планира да ја објави следната песна откако во средината на мај оваа година ја издаде нејзината последна нумера „Теленовела“ со МЦ Јанк.
– Па, јас бев во фазон дека нема да го сторам тоа, бидејќи злобните јазици некако успеаја да ме срушат и да ме убедат дека не сум за тоа, иако сум од музичко семејство. Немам совршен глас, но имам некоја харизма што луѓето ја гледаат. Секоја песна ми одеше добро, јас сум навистина задоволна – рече таа во емисијата „Амиџи шоу“.
View this post on Instagram
Луна се пофали дека има една добра рап песна.
– Добив многу добра песна, во која само што се најдов. Сакав да ја извадам, баш ми легна, но се случи другата состојба. Можеби Бог ми даде знак дека сè уште не е време за тоа, дека треба да чекам да помине короната и дека, како нова мајка, треба да ја издадам таа песна, која ја снимив одамна – додаде Ѓогани.