Веќе неколку години, поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза заедно со семејството живее и работи во Нов Зеланд.
Таа е често присутна на социјалните мрежи, од каде дознаваме за нејзините активности далеку од родната земја.
Таа понекогаш знае да сподели „Инстаграм стори“ и да покаже како го поминува времето, што има ново…
Овојпат покажа како и почнува утрото во нејзиниот дом. Имено, во кусите приказни на Инстаграм таа објави фотографија од појадок во кревет и како што напиша тоа е за нејзиниот сопруг.
„Појадок во кревет за мојата љубов“, напиша покрај објавата со две чинии со храна.
Како што вели народната поговорка: „Денот по утрото се познава“….тогаш останува да претпоставуваме каков ден имала екс водителката.
Инаку, Хелена Роза неодамна го прослави својот роденден и наполни 43 години.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/helena-roza-slaveshe-rodenden-eve-kolku-godini-napolni-foto/