Новиот спот на Дино Мерлин, кој веќе наголемо се врти во регионот, предизвика бес, гнев, гадење и одвратност кај српската публика, бидејќи сараевскиот кантавтор за екранизација на песната „Ние“ („Ми“) наводно користел мотиви што потсетуваат на споменикот посветен на масакрот врз Србите во Втората светска војна.
Споменикот во спомен на ѕверското страдање на недолжното население се наоѓа во Стари Брод кај Вишеград, каде во 1942 година усташите брутално убиле 6.000 српски цивили. Кадрите во видеото на Дино Мерлин како стои опкружен во водата од која излегуваат човечки раце, неодоливо потсетува на скулптурите на жртвите од надојдената Дрина, започна да кружи на социјалните мрежи со коментари од оние кои се згрозени од овие сцени, кои како што се вели,го навредуваат споменот на невините жртви, главно мајки, кои со децата во раце биле турнати во смрт.
„Колку треба да бидеш болен штом ваквите скулптури на луѓе кои умираат можат да послужат како инспирација. Бев шокиран кога го видов видеото“ – е само еден од мноштвото коментари, по што следеше одговорот на друг корисник на социјалните мрежи:
„Ужас! Да дозволите некој стар перверзник вака да ги исмева жртвите и да помине без никакви последици, и при тоа секој пат да ја полни „Арена“ во Белград?!“ – возвратил тој.
„Свесен за неговите претходни музички перформанси, да ги споредува Србите, на пример со кучиња, ми дава основано сомнение да сметам дека ова нема никаква врска со случајност“ – се наведува во коментарот. Инаку, Дино Мерлин го снимал видеото во Порто Монтенегро и песната стана хит за само неколку дена. Останува да видиме дали нешто ќе се случи по овие реакции.
Извор: Република.рс