Радио Милева Со оптимизам и поддршка

„Не можам да кажам дека се чувствувам подобро“: Марина Туцаковиќ по повеќемесечен молк проговори за тешката борба со карциномот

„Не можам да кажам дека се чувствувам подобро“: Марина Туцаковиќ по повеќемесечен молк проговори за тешката борба со карциномот

Текстописецот Марина Туцаковиќ се бори со карцином веќе подолго време, а по неколкумесечен молк, сега ја откри фазата на нејзината борба.

– Право да ви кажам, онака. Поминувам низ хемотерапија и ќе видиме што ќе се случи. Искрено, не можам да ви кажам дека се чувствувам подобро – рече Марина и откри дека престанала да се лекува во странство и дека во моментов се лекува на онкологија во Белград.

– Не размислувам за тоа како се чувствувам во психолошка смисла, понекогаш сум оптимист, но некогаш не – кратко рече таа и откри колку и значи семејната поддршка.

 

View this post on Instagram

 

Nešto kao relax…. ✌ #smrsajba

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic) on

– Поддршката на семејството е важна, па дури и пожелна, може да помогне, но кога се чувствувате лошо, тогаш исто така чувствувате дека никој и ништо не ви помага. Претпоставувам дека сето тоа е процес што треба да се одвива.

Ова лето, Марина изјави дека коронавирусот има големо влијание врз нејзината работа и приход, и дека минува низ финансиски тешкотии. Таа призна дека третманот, кој е многу тежок и скап, не и помага, но дека со приходот што моментално го остварува од авторските права, некако успева да излезе на површина.

To top