Сергеј Четковиќ и неговата сопруга Кристина две децении уживаа во складан брак, а на своите ќерки им се одлични родители.
Иако се Лола и Мила посвоени, Четковиќ гостувајќи во емисијата кај Гоца Тржан на „К1“ првпат искрено проговори на таа тема.
Сергеј објасни што значи да се биде родител во 21 век.
„Луѓето се срамат да зборуваат за посвојување, но не треба. Што значи да си родител? Тоа не значи само да родиш дете, туку да бидеш негова поддршка, сигурност, водич. Да бидеш некој кој секогаш е покрај него. Ние не дебатиравме за тоа дали да посвоиме деца, само дозволивме да се случи. Една вечер седевме во автомобил и сфативме дека сме ги поднеле документите за посвојување. Ако сакате да бидете родител, не бирајте средства, посвоите деца, направете ги среќни и со самото тоа направете се и вие среќни. Јас секогаш им велам на моите деца – „Јас ве родив од срце“, вели поп пејачот и продолжува:
„Проблемот кај сите луѓе е стравот – што ќе се случи кога моите деца ќе дознаат дека се посвоени. Моите ќерки знаат дека се посвоени, од првиот ден им зборувам дека постои училиште за деца каде што дојдовме и ни кажаа каде сте вие. Мораш да најдеш начин, најсликовит, на бајковит начин да им го пренесеш тоа. Кога ја добивме Мила, ние и рековме: „Заедно со сестра ти дојдовме во тоа училиште, те баравме, ти крена рака и рече – еве ме“, раскажува пејачот.
Сергеј открива дека кон своите ќерки се поставува многу заштитнички.
„Некогаш ќе им се налутам, ќе има кажам дека со нив нема да зборувам три дена, а тие ќе сфатат дека навистина сум лут. Меѓутоа, брзо се извинуваат и се смируваме. Имаат интересни „финти“, ќе ми речат – „Не можам да спијам додека не ме бакнеш“ и тогаш потклекнувам“, заклучува пејачот.