Славица Ќуктераш на почетокот од својата кариера беше во врска со Жика Јакшиќ, продуцентот на „Гранд“ и водител на „Никогаш не е доцна“.
Меѓутоа, таа не сака многу да зборува за таа емотивна врска, но сега жестоко му одговори на прозивките.
Имено, Жика прокоментира дека можела многу да направи на професионален план.
„Што работи тој, води емисија? Не разбирам, јас се омажив, направив пауза и немам потреба да работам до крајот на животот, така да не ме интеренсираат тие глупи изјави. И тој може многу повеќе, па не направи. Тој ги создаде „Ѕвездите на Гранд“, па што не отвори своја продукциска куќа? Немој да „поткачуваш“ во убавината и талентот. Слушнав и дека сака го кажал истото. Тие знаат колку заработив за нивната куќа“, изјави Славица и откри дека за време на врската со Жика не била привилигирана.
На прашањето дали е точно дека и помагал, таа вели:
„Точно. Но, не ми помагаше само на мене, туку на целата екипа. Како се докажуваш на настапи, така градиш кариера. Оставаш впечаток. Тоа не може никој да го направи место тебе. Јас сама сум заслужена за својот успех. „Гранд“ вложи во мене, но јас сум заслужна за мојот успех. Меѓутоа, кога се вратив по паузата и направив се што направив, „Гранд“ не беше тука.