Пејачката Биба Додева на својот Инстаграм профил објави дека е позитивна на коронавирус.
„Време на КОВИД 19. Дај Боже да помине поскоро“, напиша таа покрај фотографијата.
Македонската пејачка објави дека има коронавирус и ја покажа тажната страна на нејзината битка. Со внукот може да си игра само преку прозорец.
На фотографиите Биба Додева го „гали“ и си зборува со внукот Александар, само преку стаклото од прозорецот.
Фотографиите се слатки, но и многу тажни. Ова е реалноста во која живеат многумина кои не можат да си ги допрат најмилите поради епидемијата.
View this post on Instagram