Радио Милева

Водителката Цеце Трајковска е бремена, а го откри и полот на бебето (фото)

Водителката Цеце Трајковска е бремена, а го откри и полот на бебето (фото)

Македонската водителка Цеце Трајковска која публиката ја познава по Утринската на Телма, очекува принова.

Имено, таа за женски магазин откри дека е бремена и дека заедно со нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски го очекуваат своето прво дете.

„Кога дознав дека сум бремена, не бевме изненадени бидејќи тоа е нешто што и двајцата со Столе го посакувавме и очекувавме. Бевме пресреќни, си ги пуштиме нашиот омилен бенд Beach House и се изнагушкавме од среќа“,  раскажа Цеце.

фото: фејсбук

Таа вели дека на почетокот од бременоста, пандемијата и вирусот биле еден од најголемите стравови за неа.

„Но, како минува што времето, некако се навикнувам на новото секојдневие. Оваа Тв сезона паузирам од Тв ангажманите, се чувам и слабо излегувам. Но, кога и да можеме со Столе одиме некаде во природа.  Секако дека ми фали работата, но со оглед на тоа какво време – невреме дојде, сепак здравјето е најважно!“, додава Цеце за женски магазин.

Водителката го откри и полот на бебето, односно таа и сопругот очекуваа машко дете.

Потсетуваме, Цеце и Столе запливаа во брачните води во септември пред две години.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-omazi-ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-cece-trajkovska-od-utrinskata-na-telma-go-kaza-sudbonosnoto-da-foto-video/

To top