Во првата сезона на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ се претставија разни музички таленти кои на сцената отпејаа домашни и странски хитови, а еден од нив беше и Трајче Горгиев од Македонија.
Жирито тогаш имаше само пофални зборови за неговите вокални способности и најчесто беа воодушевени како Трајче пее на тие години.
Тој важеше за еден од фаворитите, па стигна и до самото финале кое се одржа во јули 2015 година.
Победата ја однесе Марија Сердар, додека пак Трајче се најде на второто место.
Тој денес има 19 години и живее во Струмица. Горгиев и понатаму се занимава со музика, па често на социјалните мрежи знае да објави преработка од познати песни.
Претходната година тој ја издаде песната „Си одиш ти“ која на Јутуб има доста позитивни коментари.
Трајче се промени за пет години и порасна во едно прекрасно момче, а како изгледа пет години по неговото учество во „Пинкови ѕвездички“ погледнете подолу на фотографиите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram