Почина истакнатиот филмски и тв монтажер и режисер Иван Чунихин, чии остварувања оставија важен и траен белег на македонската видео сцена. Чуни, ќе остане запаметен како директен учесник во нејзиното создавање, по својата богата и плодна филмска и монтажерска кариера особено во периодот додека работеше во МТВ, за која говорат и делата како „Бушава Азбука“, „Микско“ и „Ана“, „Мокош“, дузина реализирани концерти, телевизиски проекти, театарски претстави…
Огромното наследство од знаење, тој со жар и страст им го пренесуваше на сите со кои соработуваше и на нему оригинален и својствен начин ги внесуваше во тајните на режирањето и продуцирањето.