Радио Милева

Таа и беше најверно друштво во бременоста: Oва е сестрата на Анастасија Богдановска

Таа и беше најверно друштво во бременоста: Oва е сестрата на Анастасија Богдановска

Mакедонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богдановска откако стана мајка ужива во прекрасните моменти со својата ќерка Дениција.

Таа не е од оние резервирани јавни личности кои не го покажуваат детето.

Па така, од самиот почеток, Деа често споделува фотографии од најзината наследничка, не покажувајќи го секогаш целото лице, но оставајќи емотивни пораки кои малата Дениција еден ден ќе може да ги прочита и да види што пишувала мама кога таа била бебе.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/anastasija-bogdanovska-dva-meseci-po-poroduvanjeto-go-pokaza-licenceto-na-denicija-foto/

Водителката беше и активна во текот на бременоста. Па и додека траеше вонредната состојба и карантинот, таа креативно ја поминуваше бременоста во својот дом.

Овој пат, таа на социјалните мрежи откри кој и бил најголем пријател во тој период.

Станува збор за нејзината сестра, тетка на Дениција, Теодора Богдановска на која таа јавно и го честиташе роденденот.

„Среќен роденден“, напиша водителката покрај објавата во која тие  се облечени во елегантни долги тоалети.

фото: принтскрин/инстаграм/анастасијадеабогдановска

Потоа, Деа сподели и фотка од детство на која двете сестрички позираа една до друга.

„И најдобра тетка….другар и мое најверно друштво од бременоста“, напиша Анастасија.

фото: принтскрин/инстаграм/анастасијадеабогдановска

Не за џабе рекле дека сестрата вреди повеќе од 1000 пријатели.

To top