Радио Милева

„Убавица си бре“: Јелена Јованова блеска неколку месеци по породувањето (фото)

„Убавица си бре“: Јелена Јованова блеска неколку месеци по породувањето (фото)

Кон почетокот на месец јуни годинава, познатата македонска актерка Јелена Јованова за првпат се оствари во улогата на мајка.

Семејството на Јелена се прошири за нов член односно синчето Јаков. Отогаш, водителка ужива во првите месеци на мајчинството, а секој слободен момент го посветува на наследникот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jelena-jovanova-ja-objavi-prvata-fotografija-od-sincheto-foto/

Иако помина краток период откако се оствари како мајка, актерката која македонската публика најмногу ја препознава по улогата Јелена од Драчево во серијата „Преспав“ одлучи да се врати на ТВ екраните.

Неодамна на својот „Фејсбук“ таа објави дека започнала со снимање, но не откри за кој проект се работи.

Меѓутоа, пред некој период започна и снимањата на новата сезона на „Преспав“, па Јованова и се врати на работата.

Јелена дека блеска во новата улога на мајка, покажува и нејзината последна фотографија која ја објави на својот „Инстаграм“.

Имено, таа објави фотка со поинава фризура односно со поголем волумен, а истата доби повеќе од 6 000 лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Jovanova Official (@jelenajovanovaperic) on

Под фотографија се нижеа многу коментари на сметка на актерка, а меѓу нив се најде и оној на Тијана Дапчевиќ која напиша: „Ауу косата, убавица си бре“.

Што ќе донесе новата сезона на „Преспав“ останува да видиме.

To top