Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.
Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.
Тој е еден е од основачите на приватната продукција за производство на филмови „Триангл“, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.
Глумеше во повеќе југословенски и македонски ТВ сериии и играни филмови филмови, меѓу кои: „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“…!
Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.