Таа важи за една од најубавите ТВ водителки и презентерки, а не ретко можеме да ја видиме и како лице на некои реклами.
Водителката и презентерка на Канал 5, убавата Љубица Бубе Јаневска, секојдневно ја гледаме на ТВ екраните со различни теми, во различни изданија… И содржински, ама и модни!
View this post on Instagram
Гладечите најмногу ја препознаваат како презентер на вести, но одлично се снајде и во улогата на водителка на утринска програма.
Токму за работата на телевизија и појавувањето пред камерите од своите почетоци, Бубе се присети на својот Инсатграм и сподели фотографија од времето пред повеќе од една деценија.
01.10.2008 godina е денот кога и официјално ја добив шансата да се покажам и докажам во Канал 5 телевизија. Оттогаш минаа 12 години…
Во телевизијата секој ден е нов предизвик, ново докажување без оглед на годините минати пред камерите. Секој ден значи професионалност и одговорност, макар и да те гледа само еден гледач-тоа е едно од правилата на телевизиската магија. Публиката од другата страна е немилосрдна. Влегуваш во неговиот дом, а тој одлучува дали ќе те прими на гости во зависност од начинот на кои му ги кажуваш нештата, од начинот на кој го гледаш и му се насмевнуваш.
Се трудам да бидам секогаш максимално одговорна и посветена. Да бидам на ниво и максимално да ја оправдам довербата дадена од секој гледач кој седнал пред малиот екран и решил да посвети дел од неговото драгоцено време, вклучен на фрекфенцијата на Канал 5.
Се надевам дека ја оправдувам Вашата доверба. Простете доколку некогаш не ми бил денот. Се случува, програма во живо е, напиша Бубе во описот.
Времето си лета, особено кога го работиш она што ти претставува задоволство, а според стажот кој го има убавата Бубе, јасно е дека и тоа како си ја сака својата работа и магијата на телевизијата.