Мегафон

Ново дневно забавно шоу на ТВ Сител

Ново дневно забавно шоу на ТВ Сител

Наскоро на Сител започнува забавното шоу „Магазин“.

Водителките Јана Серафимова и Јелена Богојевиќ ќе ве одведат во светот на познатите, но и не толку познатите.

Ќе ви покажеме како живеат славните?

Од прва рака ќе видите што е она што најмногу ги плаши, а на што најчесто се радуваат.

Ќе стиснат заби и ќе одговараат на прашања што до сега никој не им ги поставил.

Ќе си ја отворат душата и искрено ќе говорат за нивните неуспеси и грешки. Кога се засрамиле, а на што се смееле до солзи.

Во Магазин Сања Димитровска и Александар Динев ќе разговараат со медицински лица, кои ќе не посоветуваат како до подобро здравје, животен стил, но и кои се здравите навики кои треба да ни станат пракса.

Интересни животни приказни од цела Македонија, анкети и игри со граѓаните на улица, незгодни прашања и забавни одговори поткрепени со пригодни награди, но и директни јавувања во студио.

50 минути возбуда,совети, забава и смеа. Плус забавни игри и прашања од фановите за гостите во студиото.

Отворено, искрено и без предрасуди – Магазин – Наскоро на Сител.

To top