Гвен Стефани се вери, а многумина ја нарекуваат – една од најубавите рокери во светот.
Девојката која се најде во центарот на вниманието како пејачка на познатиот бенд „No Daubt“, денес е во шестата деценија од животот, а среќната вест ја сподели на социјалните мрежи.
Блејк Шелтон го освои срцето на познатата пејачка.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која се бакнува со нејзиниот свршеник и иден сопруг, покажувајќи го вереничкиот прстен, а во описот напиша: „да“.
Познато е дека Стефани (51) беше вљубена во нејзиниот колега од групата „No Daubt“, Тони Канал, потоа се омажи за Гевин Росдејл, а како оној вистинскиот се покажа 44-годишниот Шелтон.
Инаку, Гвен и Блејк прво живееја заедно со нејзините три деца од претходниот брак на неговиот ранч во Оклахома, а овој месец сите се преселија во нов дом во Лос Анџелес, кој наводно вреди 13 милиони долари.