Популарна британска пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа, предизвика бурни реакции во јавноста кога во една емисија изјави дека го обожава „албанскиот специјалитет – ајвар“ и дека сите треба да го пробаат. Сега истото го стори и нејзината сонародничка Бебе Реџа ( Bebe Rexha).
Пејачката која исто така по потекло е Албанка, на својот Инстаграм објави приказна за тоа како може да се намачка ајвар на парче леб, со реченица дека тоа е „албанско јадење што секој го сака“ и дека „оди добро со сирење или јајца“.
Бебе, како и Дуа, доживеа голема популарност низ целиот свет, а нејзините најпознати песни се “Hey Mama” и “Meant to Be”.
Инаку нејзиното вистинско име е Блета Реџа, како што навистински ајварот не е ниту иод далеку албански, туку чист македонски специјалитет.
Ама пустата желба да се посегне по туѓото, да се присвои и прикаже како свое… никако не стивнува. Од ајварот до територијата за создавање на таканаречената, Голема Албанија!