Дајана Бреговиќ-Мариќ (61), помладата сестра на популарниот сараевски музичар Горан Бреговиќ (70), почина во Сплит на 61 година.
Таткото Фрањо Бреговиќ и мајката Борка Перишиќ, од бракот ги имаат синовите Горан, Предраг и ќерката Дијана.
“Во длабока болка, известуваме дека г-ѓа Дајана Бреговиќ-Мариќ одеднаш нè напушти. Поради голема тага, беше извршен тивок погреб во кругот на потесното семејство на гробиштата Ловринац”, пишува на некрологот на хрватска страница.
“Дајана Бреговиќ – Мариќ е помлада сестра на лидерот на „Бјело дугме“, Горан Бреговиќ. Горан ја помина својата младост со неа затоа што нивните родители Фрањо и Борко беа разведени, па тој живееше во Сараево некое време, а некое време и во Сплит”, објавија хрватските медиуми.