Радио Милева Последен поздрав

Четкар се збогува со близок член од семејството: „Почивај во мир, фала ти за сета твоја љубов“

Четкар се збогува со близок член од семејството: „Почивај во мир, фала ти за сета твоја љубов“

 

Светски познатиот македонски џез музичар, Владимир Четкар се прости од драг и близок член на потесното семејство- неговата баба.

Тој на својот Инсатграм објави фотографија заедно со бабичката за која како што вели ги има најубавите спомени од детството, а со емотивни зборови се поздрави од неа.

-Бабо почивај во мир.Фала што ме чуваше…Фала за сета твоја љубов и грижа. Најубавите спомени од детството ми се оврзани со тебе и со дедо. Стално ќе живиш во душава моја, пишува Владимир на својот Инсатграм.

Инаку, поради корона пандемијата Четкар поголемиот дел од врмето изминатите месеци го помина во родниот Охрид.

To top