На 27 октомври 2020 (вторник) со почеток од 13 часот, во Музејот на современа умeтност во Скопје, на отворено, Театар за деца и младинци – Скопје, ќе го одбележи три деценискиот јубилеј со промоција на монографијата „30 години ТДМ – Сон што трае“.
Автор на монографијата е театарскиот критичар и новинар Тодор Кузманов, а проф. д-р Ана Стојановска е рецензент на монографијата. На промоцијата ќе се обрати и директорката на ТД Катарина Илиевска – Силјановска.
Промоцијата требаше да се случи на 25 март годинава, кога ТДМ пред 30 години почна да работи, но беше одложена поради коронакризата. Првата претстава беше „Чудовиштата од нашиот град“.
„Во Монографијата е сумиран три деценискиот развој на нашиот театар, единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција. Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија“ – велат од ТДМ.