Радио Милева процес или парада?

Кристијан ја молел Станија да го промени исказот и да не го тужи, а тој јавно да и се извини: Пресврт или само голема лага и претстава за народ? (ФОТО)

Кристијан ја молел Станија да го промени исказот и да не го тужи, а тој јавно да и се извини: Пресврт или само голема лага и претстава за народ? (ФОТО)

Како што јавуваат српските медиуми, Кристијан Голубовиќ, преку посредник, и предложил на Станија Добројевиќ да ја повлече изјавата и промени исказот, односно обвинението дека јавно и се заканувал со смрт и да не го гони на суд во замена за јавно извинување.

Станија, во разговор со новинарите, ги потврдила овие гласини.

„Точно е дека добив предлог да ја повлечам, односно да ја сменам изјавата и да не го обвинувам, како и да кажам дека не се чувствувам загрозена, а  тој мене јавно да ми се извини. Но, сè уште не сум одлучил што ќе сторам. Не можам да ви кажам кој ме контактираше и кој ми го понуди тоа. Следната недела, исто така, треба да бидам сослушана, па ќе видиме што ќе сторам и како ќе го сторам тоа“ – кратко изјавила Станија, која минатата недела од Америка долета во строга тајност во Србија.


Дали процесот ќе продолжи – зависи од Станија и нејзината изјава. Со други зборови, таа сега го има Кристијан во раце и само од неа зависи дали судот ќе продолжи да го гони за смртните закани или… Можеби сето ова е само смислена игра, договорена лага и режирана претстава за народ, за што поголема лична популарност и поголема гледаност на реалното шоу „Задруга 4“, во кое покрај Кристијан и Станија треба да влезе како учесник?!

To top