Радио Милева станува сериозно?

„Доколку Станија влезе во ‘Задруга 4’, ќе ве исечеме на парчиња“- со овие зборови луѓето на Кристијан Голубовиќ наводно му се заканувале на семејството на старлетата

„Доколку Станија влезе во ‘Задруга 4’, ќе ве исечеме на парчиња“- со овие зборови луѓето на Кристијан Голубовиќ наводно му се заканувале на семејството на старлетата

Кристијан Голубовиќ вчера беше изнесен од реалното шоу „Задруга 4“ и однесен во Основното јавно обвинителство во Рума поради упатените смртни закани за Станија Добројевиќ и нејзиното семејство!
Жестокото момче сепак остана таму само 15 минути бидејќи, како што се дознава, не сакал да дава изјава без неговиот адвокат, па затоа е закажано ново рочиште за утре.

Кристијан ќе биде испрашуван затоа што јавно се заканувал дека ќе ја убие старлетата, откако таа наводно рекла дека неговата ќерка всушност не е негова, туку дека тој и подметнал сперма од неговиот другар на неговата сопруга за време на вонтелесното ин витро оплодување.

„Се колнам во моите две деца, јас лично ќе ја убијам Станија Добројевиќ или некој од моите луѓе ќе го стори тоа ако не ми се извини искрено за навредата на моето дете. Ќе го сторам тоа по цена да лежам и 40 години робија! – рече неодамна Кристијан. Тој не застана тука, туку му се заканил и на нејзиното семејство.

„Станија напиша сè и сешто  на социјалните мрежи. Моите пријатели го видоа тоа, веднаш ми се јавија и ми рекоа: „Брат, треба ли да одиме во Рума и да ги исечеме на мајка и брат и на парчиња?“ – рече Кристијан во реалното шоу, не откривајќи што тој им возвратил.

Како што дознаваме, семејството на Станија во голема мерка добивало заканувачки пораки од пријателите на Голубовиќ, кои им рекле дека ќе ги распарчат ако старлетата влезе  во „Задруга 4“. Затоа, Станија штом ќе пристигне од САД следната недела,  планира веднаш да оди во обвинителството.

„Станија требаше да влезе во реалното шоу уште пред неколку недели, но таа побара од продукцијата да го одлжи влезот затоа што не се чувствува безбедно. Таа ми рече дека пријателите на Кристијан му ги исекле гумите на автомобилот на нејзиниот брат во Рума! Во меѓувреме, нејзината мајка добила заканувачки пораки дека таа и нејзиниот син ќе бидат исечени на парчиња ако Станија се приклучи на „Задруга 4“, а името на Кристијан се наоѓа во потписот! Затоа Станија ќе оди директно од аеродромот во обвинителството да поднесе нова кривична пријава против Кристијан“ – тврди извор близок на старлетата.

To top