Луна Ѓогани и Марко Миљовиќ по напуштањето на „Задруга“, имаа план да снимаат видео клипови и даги објавуваат на нивниот јутјуб канал, а како што се наведува во српски Блис, тие заработуваат и значителна сума пари од тоа.
Имено, Луна и Марко заработуваат со снимање на нивните патувања, романтични моменти и интересни ситуации кои со задоволство ги споделуваат со обожавателите.
– Кога ја напуштија „Задруга“, сфатија дека немаат многу можности да започнат бизнис поради епидемијата на вирусот корона, па се свртеа кон заработка на интернет. Марко и предложи на Луна да отвори канал на Јутјуб и да објавува заеднички снимки. Тоа се покажа како добар потег, имајќи предвид дека тие заработуваат и до 30 000 евра месечно – изјави за Хит Информер добро информиран извор.
Иако не прават ништо посебно, очигледно навикнаа да бидат пред очите на јавноста, која пак се уште ги гледа како актуелни и по реланото шоу „Задруга“.
Иако е во првиот месец од бременоста, Луна тоа веднаш го објави, а можеме само да замислиме колку објави од неа ќе има следните месеци.