Тој е ведар, позитивен, секогаш насмеан и расположен за разговор, а неговиот талент и маестралност во кујната се неприкосновени – тоа е шеф Марк Де Јонг.
Сите знаеме дека храната и кујната се оние што за него живот значат, но тој пред себе си постави нова мотивација и предизвик кои ќе го променат и здраствено и физички.
Имено, познатиот белгиски готвач со македонска адреса веќе извесе период е активен во еден познат скопски фитнес центар каде е решен да изгуби килограми и да биде во форма.
„Нема болка- нема добивка“, гласи мотото на Марк кое го пишува во објавите на својот Фејсбук.
За дополнителна мотивација како партнерка и во теретаната, Марк ја има својата сопруга Василка која ја одржува својата витка линија.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mark-i-nikola-gi-pochnaa-snimanjata-na-brza-kujna-no-so-nova-voditelka-foto/
Инаку, Марк деновиве започна со снимањата на шестата сезона на „Брза кујна“ заедно со шеф Никола и новата водителка Сања.
Посветеноста секогаш вродува со резултати, а не се сомневаме дека Марк како што тргнал, ќе успее во намерата.