Хозе Падија, познат диџеј од Ибица, почина во неделата на 64-годишна возраст.
Најпознат е по сетот „Кафе дел Мар“, а неговото семејство објави дека починал на своето омилено место – Ибица,пренесува „Pitchfork“.
„Со голема тага ви ја соопштуваме веста дека Хозе почина во сон во неделата вечер тука на неговиот сакан остров Ибица. Неговото семејство и пријатели сакаат да им се заблагодарат на сите што испратија донации и пораки за поддршка за да му биде полесно во текот на изминатите неколку месеци и на персоналот во болницата Кан Мисс кој се грижеше за него до крај, пишува во соопштението на Инсатграм.
На почетокот на оваа година, беше откриено дека на Падија му е дијагностициран карцином на дебело црево и започна акција за собирање пари за трошоци за лекување.