Македонскиот модел Катарина Ивановска ужива во својот живот, а со две деца во нејзиниот дом сигурно никогаш не и е досадно.
И покрај обврските на една мајка, но и покрај професионалните обврски, Катарина има време за себе и ја одржува одличната витка линија, па никој не би рекол дека двапати родила.
Тело и лик кој не се заборава, па затоа не случајно им стана чест избор на големите имиња во реномираните светски модни брендови за кои снимаше кампањи и чекореше по писта.
Кики е активна на социјалните мрежи и често знае да ги информира следбениците како е , што прави….или некои други активности од нејзиниот приватен и професионален живот.
А кога нешто таа нема да сподели, за тоа е тука нејзината другарка, пејачката Тамара Тодевска која некогаш знае да обелодени некој момент.
Така, деновиве Кики си направи тетоважа, а овој детаљ го сподели токму Тамара.
Имено, пејачката ја снимаше својата другарка додека се тетовира, а овој момент го сподели и на „Инстаграм стори“.
Пејачката ја сподели тетоважата својата другарка односно станува збор за цртеж на кокошка.
„Кокошка за мојата „кокошка“, се пошегува Тамара во описот на фотографијата.

Дали Тодевска ја наговорила својата пријателка да направи тетоважа или тоа била одлука на Ивановска не знаеме…