Познатата манекенка Криси Тејген и нејзинит славен сопруг, пејачот Џон Леџенд, неодамна го изгубија бебето додека Криси беше во средината на бременоста.
Во Лос Анџелес беа одржани познатите музички награди „Billboard“, а еден од највпечатливите настапи го имаше токму Џон Леџенд.
Носеше бел костим, седнат зад клавирот и ја изведе нумерата „Never Break“ која ѝ ја посвети на сопругата Криси.
Стиховите од неговата песна гласат: „Никогаш нема да се скршиме, доволно силни да останеме, никогаш нема да се скршиме, како што водата се крева, а планините се тресат, нашата љубов ќе остане“.
View this post on Instagram
Our love for @johnlegend will Never Break. ❤️🎙 The #BBMAs are LIVE now on NBC.
Додека пееше, Леџенд се забележаа неговите силни емоции, додека водителката на настанот, Кели Кларксон испрати емотивна порака до него и неговата сопруга.
View this post on Instagram
Инаку, Џон Леџенд од 2013 година е во брак со моделот и ТВ ѕвезда Криси Тајген со која ја има ќерката Луна и синот Мајлс.