Анастасија Ражнатовиќ во емисијата „Сценарио“ на курир.рс проговори за детали од приватниот живот кои не се толку познати на јавноста.
„Имав доста следбеници и пред да започнам да се занимавам со музика, кога се снимав со пријателите. Малку се занимавав и со манекенство“, вели Анастасија.
„Не сакам да зборувам за љубовта бидејќи момчето не ми е од јавен свет. Многу сум емотивна, нема филм на кој не плачев. Секогаш кога ќе видам трагична сцена очите ми се полни со солзи“, раскажува Ражнатовиќ.
Пејачката и ќерка на познатата sвезда Цеце Ражнатовиќ на самиот почеток признаа како се чувствува кога нејзината мајка носеше „наногица“ односно кога беше во домашен притвор.
„Во моментот кога мојата мајка носеше „наногица“, поради целиот хаос, јас и Вељко се преселивме на Кипар. Паднав во депресија, не ми беше до ништо, тешко ја поднесував ситуацијата. Само барав некој спас, таа празнина да ја пополнам со храна. Ми теше да се вклопам, само јадев. Толку многу се поправив што мајка ми едвај ме препозна кога се вративме“, раскажува младата пејачка.
Таа вели дека нејзината мајка испаднала најпаметна што никогаш не се огласила по апсењето, а зошто тоа го направила сфатила подоцна.