Победничката на втората сезона на „Задруга“, Луна Ѓогани е бремена.
Таа радосните вести ги сподели на социјалните мрежи и го сними моментот додека на својот свршеник, Марко Миљковиќ му соопштуваше дека ќе станат родители.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/luna-gjogani-snimashe-koga-mu-kaza-na-marko-deka-e-bremena-a-eve-ja-i-negovata-reakcija-video/
На овие убави вести не може да не реагира и мајката на Луна, Анабела Атијас со која не се во добри односи и не се во контакт по заршувањето на Задруга.
Сепак, Анабела сега се огласи и е пресреќна што ќе стане баба.
„Драги мои, со голема радост сакам да ве известам дека ќе станам баба на еден прекрасен ангел“, напиша таа во кусите приказни на „Инстаграм“, а оваа објава ја сподели и Луна.
Атијас се огласи и за блиц.рс и откри како се чувствува.
„Пресреќна сум. Не можам да верувам дека моето бебе ќе биде нечија мајка“ изјави пејачката.