Радио Милева

Го прашаа Гастоз што имал со Кристина Димитриевска, а тој јавно и поласка на македонската мисица и ја покани во „Парови“ – еве ја нејзината реакција

Го прашаа Гастоз што имал со Кристина Димитриевска, а тој јавно и поласка на македонската мисица и ја покани во „Парови“ – еве ја нејзината реакција

Кристина Димитриевска на публиката и беше позната како сопруга на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски со кој го има синот Давид.

Меѓутоа, по разводот на Кристина и Даниел, Димитриевска излезе од „анонимност“ и во јавноста се врати како модел, мисица, фитнес инструкторка,  а се проба и како пејачка.

Екс сопругата на Кајмакоски, се заќити со неколку титули односно претходната година стана „Мис на Балканот и  „Мис фотогеничност“, а оваа година таа ја доби титулата  „најубавата девојка од карантинот“ и „Прво лице на Балканот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MISS BALKAN 2019 👑 (@kristina.dimitry) on


Крис е активна на социјалните мрежи каде што редовно знае да ги почести своите следбеници со разни фотографии, а тие и упатуваат разни позитивни коментари кои најчесто се однесуваат на нејзиниот изглед.

Меѓу оние кои знаат да и поласкат на Кристина се некогаш и јавните личности, меѓу кои  и српскиот пејач и реалити учесник Ненад Маринковиќ  Гастоз кој во една прилика таа го покани да дојде во Скопје и да одат на кино.

Гастоз дојде во Скопје да одржи настап, а Кристина наместо во кино право на настап кај пејачот. Дали потоа имале време за кино и за дружба остана мистерија…

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bash-ste-dobar-par-kristina-dimitrievska-vo-seksi-izdanie-zaedno-so-gastoz-vo-skopje-foto/

По нивната средба, секој си продолжи по својот пат, Димитриевска да ниже успеси, а Гастоз се врати во познатото реално шоу „Парови“.

Токму во ова шоу, Кристина деновиве беше тема. Поточно, додека сите учесници беа собрани околу масата, водителката го праша Ненад Маринковиќ Гастоз што имал со Кристина.

„Што имаше со Кристина Димитриевска, Мис на Балканот и бивша сопруга на Даниел Кајмакоски?’, гласеше прашањето.

„Можеби можете на таа девојка да и пратите договор да дојде затоа што е Мис на Македонија. Јас неа многу ја поздравувам и бакнувам“, одговори Гастоз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gasttozz.official_fanpage on


Македонската мисица реагираше на поканата односно ја сподели на својот „Инстаграм“, а нејзините следбеници веднаш започнаа да и сугерираат да влезе во Парови, а некои отидеа дотаму и креираа заеднички профил на Крис и Гастоз.

фото: принтскрин/инстаграм
фото: принтскрин/инстаграм

Инаку, ова не е прват манекенката да добие понуда за реално шоу, а дали ќе прифати и ќе ја гледаме во „Парови“, останува да видиме.

Мисицата преку својот „Инстаграм“ се обрати на Гастоз и му се заблагодари на поддршката.

„Само сакам да кажам голема благодарност на Гастоз за поддршката, ви благодарам луѓе на сите пораки кои ги добив. П.С Најдобрите луѓе се со него“, напиша Кики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MISS BALKAN 2019 👑 (@kristina.dimitry) on

To top