Невладината органицазија „Отворена порта“ одбележува 20 години од своето основање и активно делување во борбата против трговија со луѓе.
По тој повод здружението организира live stream на официјалната Фејсбук страна „Отворена порта“ на тема „20 години против трговија со луѓе“. Граѓаните ќе можат да ја увидат работата на институциите од изминативе 20 години, да се запознаат со политиките за подобро идентификување и заштита на жртвите, но и со алатките за навремено откривање на ранливоста и едуцирање на пошироката јавност околу оваа проблематика.
Соговорници на јавната панел дискусија ќе бидат Јасмина Димишковска Рајковска, основачка и директорка на „Отворена порта – Ла страда“, Љупчо Маркудов началник на единица за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и Светлана Цветковска, претставник на Министерството за труд и социјална политика.
Настанот ќе се одржи на 19.10.2020 (понеделник) во 19:00 часот на официјалната Фејсбук страна на Отворена Порта @OpenGateMacedonia.
Линк од официјалната страна на Отворена Порта:https://www.facebook.com/OpenGateMacedonia/
“Трговијата со луѓе е глобален проблем, со којшто се соочуваат сите земји ширум светот. Р. С. Македонија претставува земја на потекло, земја-транзит и дестинација на тргуваните лица. Низ годините се бележат значителни промени и нови трендови во трговијата со луѓе, со што се менува и начинот на обезбедувањето заштита и помош за жртвите“, велат од „Отворена порта“.
Инаку, „Отворена Порта“ е здружение на граѓани, кое ги промовира човековите права и ги застапува интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе преку превенција, социјална поддршка и лобирање на национално и европско ниво преку членството во Ла Страда Интернационална- Европска мрежа за борба против трговија со луѓе.
“Обидувајќи се да ги прикажеме применетите политики преку искуствата на самите жртви, на институциите и граѓанските организации кои учествуваат во борбата против трговијата со луѓе, спроведовме квалитативно и квантитативно истражување.
Добиените резултати од анализата укажуваат на потребите од проактивна идентификација на жртвите на трговијата со луѓе од страна на надлежните институции, воспоставување долгорочни решенија за заштита и реинтеграција, како и на потребата од нивна финасиска одржливост. Целта е да даде одговор на прашањето колку постоечките механизми за идентификација, заштита и реинтеграција содејствуваат со потребите на жртвите и со справувањето на земјата со трговијата со луѓе.” – велат од „Отворена Порта“.
Отворенапорта во изминативе 20 години импомогналанавкупно 168 жртви на трговија со луѓекои беа вклучени во Центарот за жртви на трговија со луѓе и програмата за придружна социјална работа за социјално ризични категории.
Не ja премолчувај трговијата со луѓе, пријави на СОС линијата 0800 11111.