Басистот на легендарната група AC/DC Пол Метерс, кој во бендот се придружи во 1975 година почина, а причината за смртта засега не е објавена.
Во групата тој се приклучил по објавување на албумот „High Voltage“, но фронтменот Бон Скот го отпуштил по само неколку недели.
Метерс ја напушти музиката по заминување од групата, а во бендот го замени Марк Еванс. Пред AC/DC тој свиреше бас за бендот „Армагедон“, а наводно од тука добил отказ бидејќи бил „премногу убав, премногу самостоен“.
Смртта на Метерс на Фејсбук ја соопшти неговиот пријател Род Вескомб кој открил дека музичарот живеел повлечено во поодминатите години и дека ронкенрол начинот на живот оставил последици по неговото здравје, пренесува Дејли Мејл.