Деновиве една од главните теми во регионалните медиуми е апсењето на Стефан Ѓуришиќ Раста поради поседување на наркотици.
Српските медиуми пишуваа дека наводно Ана го посетила Раста во затвор и направила скандал, па наводно му се заканила дека ќе му го одземе старателството над ќерката Тара.
По тој повод се огласи и Николиќ на својот Инстаграм профил.
„Уште една лага, уште 5 тужби. Со вас не може поразлично. Јас се надевам дека и новинарите еден ден ќе одговараат кривчно за секоја напишана лага. Срам да ви е. Треба да станете и да стоите кога ќе го спомнете моето име и зборот „татко“, како и името Раста“, напиша пејачката.
Посетуваме, Ана и Раста се разведоа во 2018 година, а од бракот ја имат ќерката Тара.