Радио Милева

Александра Пријовиќ откри непознати детали од почетокот на врската со Филип: „Поради него живеев во авион“

Александра Пријовиќ откри непознати детали од почетокот на врската со Филип: „Поради него живеев во авион“

Александра Пријовиќ се потсети на почетокот на нејзината врска со Филип Живојиновиќ, па откри детали кои не се познати на јавноста.

„Толку бев заљубена, па имав настап во Австрија или Германија, не се сеќавам, па купив карта за Америка да одам да го видам на 4 дена бидејќи не можев без него. А потоа од Америка летав на следниот настап“, откри Пријовиќ.

фото: Инстаграм

Александра исто така откри дека во една прилика Филип ја „купил“ со еден гест.

„Еднаш кога доаѓаше кај мене ме праша што да купи да пиеме, јас му реков дека пијам само вода и човекот ми донесе пакет со вода“, изјави Пријовиќ.

Инаку, Александра и Филип претходната година станаа родители на синот Александар.

To top