Српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија „ги вкрстија копјата“ како да се новинарки на интервју со познатите.
Имено, мајката и ќерката меѓусебно си поставуваа прашања за она што дотогаш една со друга никогаш не се прашале .
Цеца: Дали некогаш си се покајала што тргна по моите стапки?
– Искрено, не! Уживам во оваа работа и досега немав непријатни ситуации, затоа нема причина да жалам. А и го имам најдобриот ментор, што многу ми ја олеснува работата. (смеа)
Цеца: Прочитав дека си изјавил дека сакаш да најдам момче? Дали тоа беше само шега? (смеа)
– Знаеш и самата дека не е финта. (смеа) се уште си млада, , успешна, никогаш поубава и би сакала да бидеш исполнета и на тоа поле.
Цеца: Одамна сум „глува“ на измислени приказни и наслови кои одвреме – навреме се појавуваат во одредени медиуми. Што тебе те мачи, што најмногу те изнервирало во последно време?
– Уште од рана возраст ме научи да не обрнувам внимание на глупостите и лагите, како и на луѓето што со нив се служат. Ним најголемо животно достигнување им е да успеат да предизвикаат реакција, а јас не би им го приуштила тоа задоволство.
Цеца: Наведи две мои особини кои страшно ве нервираат и не биди скромна? (смеа)
– Фактот дека не можам ни под разно да те „избркам“ од дома. Немам втора, но оваа вреди за две. (смеа)
Цеца: Дали има нешто што си скрила од мене, а сега е време да го признаеш тоа?
– Ги знаеш сите мои тајни!
Анастасија: Што прво помисли кога ме роди?
– Кога се освестив откако се разбудив од тоталната анестезија, веднаш посакав да те видам, да те држам во раце и си помислив колку си нежна и колку те сакам на прв поглед…
Анастасија: Ако треба да одлучиш кое е твоето подобро дете, Вељко или јас, што би рекла?
– Зависи кој ден ме прашуваат за тоа! Тоа е една флуктуирачка титула … Хахаха! Вие сте толку различни, а толку мои, ве обожавам и двајцата!
Анастасија: Мојата мажачка топостојано се потенцира во медиумите, а твојата никој повеќе не ја спомнува, иако претходно често те прашуваа за тоа. Да не е можеби некоја теорија на заговор во прашање во која си ти вклучена?
– Да ти кажам право, сите прашања во врска со бракот ми се здодевни! Времето за твојот брак доаѓа, а ниту јас, ниту новинарите одлучуваме кога ќе биде, така што не ми се зборува за тоа. А, мојот брак е тема што може да биде интересна за некого, но не и за мене.
Анастасија: Наведи две мои особини кои страшно те нервираат и не биди скромна? (смеа)
– Морам да размислам и сигурна сум дека и по седум дена размислување не би имала одговор на тоа прашање! Не затоа што си совршена, туку затоа што јас те разбирам совршено во сите твои расположенија …
Анастасија: Дали има нешто што си го скрила од мене и сега е време да ми го признаеш тоа?
– Ништо не кријам од тебе, ти тоа го знаеш и самата и ова прашање го доживувам како врвно духовито во стилот на „мали семејни тајни“.