Радио Милева Дали го смееш она што го сакаш?

Адријана Кеш е идеална жена… по сите стандарди и (не)пишани правила! (ФОТО)

Адријана Кеш е идеална жена… по сите стандарди и (не)пишани правила! (ФОТО)

Една стара скопска, градска поговорка, за која некои до душа тврдат дека била машка – шовинистичка, други дека била фраерска, вели: „Вистинската жена мора да биде госпоѓа на улица, домаќинка во кујна и ку*тизана во кревет“!

Дали е така или не, нема да навлегуваме, ама она што сигурно држи вода е дека денес се помалку, има такви жени. Всушност, речиси и да ги нема, зашто се врста во исчезнување или што би рекле природна реткост што треба со закон да се заштити. И бидејќи закони за такво нешто нема, вистинскиот маж ќе мора сам да си ги измисли… Се разбира, доколку налета на таква жена, а и доколку не згреши во проценките.

Дека такви жени се’ уште постојат, има понекој доказ, ама дека постојат и помеѓу познатите, докажа или барем се обиде да го стори тоа, македонската фолкерка Адријана Ацевска, попозната како Адријана Кеш.

Водена од „светот тројство“ да се биде врв(на) и на улица и во кујната и во спалната, Адријана реши уште еднаш своето мајсторство да го потврди на дело. Или поточно, на социјалните мрежи, за што ги искористи приказните на својот Инстаграм.

Дека е госпоѓа или поточно господарка на сцената – многупати докажала. На улица не само што е госпоѓа, туку и вистинска лавица која се бори за своите права: човечки, егзистенционални, уметнички… покажа откако се појави на неодамнешниот протест на музичарите пред владата, каде беше една од неколкуте женски фолк ѕвезди од естрадата!

Кога е кујната во прашање, иако многумина мислат дека дамите од естрадата што заради обврските, што заради природата на работата, кујната ја имаат заменето со онаа од кафеаната или ресторанот,  Адријана покажа дека и не е баш така. Не барем кај сите!

Романтична вечера за двајца – „Home made chicken parmigiana“ или во слободен превод: Домашно подготвено пилешко со пармезан… за двајца!? Барем според бројот на чинии. Специјалитетот на Адријана звучи италијански, изгледа светски, а колку вкусно го подготвила домаќинката? Ќе треба да каже оној, од зад втората чинија!

И конечно за впечатокот на „идеална жена“ да биде комплетен доаѓаме до она третото – спалната… Ама не (само) за спиење. Зашто по романтичната вечера за двајца, по некое непишано правило, би требало да следи логично продолжение на настаните кои асоцираат на… кревет!

„Јас и ти… Дали го смееш она што го сакаш?“ – гласи пораката или поточно прашањето за добра или бурна ноќ на Адријана Кеш?

Ако е она првото, ќе остане само пуста желба, па од ноќта, само сништата евентуално ќе ти бидат бурни!

Ако е второто, тогаш… работите стојат поинаку. Тогаш љубовта не е само збор, туку и дело… Со можност впечатокот за „иделана жена“ да се комплетира!

Впрочем и впечатокот е најсилен додека е свеж, а тоа веројатно добро го знае и Адријана Кеш! Можеби затоа и оној од сношти побрзала да го сподели на своите Инстаграм приказни? Иако нејзината приказна сè уште не е завршена!

    Фото: Инстаграм принтскрин

 

 

To top