Американската раперка Карди Би (28) неодамна го прослави својот 28-ми роденден со развратна забава која шокираше многумина, а сега отиде чекор подалеку и на Инстаграм објави фотографија каде лежи потполно гола на креветот.
Таа брзо ја избриша фотографијата од својот профил, а потоа им се извини на фановите и напиша:
„Се за*бав. Боже зошто сум толку глупава“, прокоментира Карди Би во свој стил.
Таа истакна дека никој нема да тужи поради објавената фотографија бидејќи сама е виновна.
– Не објавив „Стори“ во кое велам дека ќе тужам некого. Немам за што да се жалам. Тоа е она што јас го зезнав“ заклучи раперката.