Пејачката Дара Бубамара наводно е во врска со поранешниот кошаркар на Партизан, Немања Безбрадиќ, пишува српски Курир. Пејачката во март годинава објави дека има ново момче, но одлучи неговиот идентитет да го сокрие од јавноста, бидејќи јако се „изгори“ во минатото.
-Ги запозна заеднички пријател на нејзин настап, разменија броеви и веќе утре заминаа на ручек. Се сплеткаа на првиот состанок, вели извор близок до пејачката за порталот.
-Точно е дека е спортист, но нема да откривам за кого станува збор додека не ги уловите заедно. Млад е, успешен и интелигентен и многу заљубена во него, кажа пејачката претходно.
Ние не се криеме, одиме нормално по ресторани, не оние каде одат сите. Не е моментот да откријам кој е, но кога ќе одлучиме, ќе може сите да не фотографираат, кажа Дара пред неколку недели.