За некои домашни музички таленти се почесто дознаваме кога ќе се појават на некој музички натревар во соседството.
Случајв со 32 годишата Деница од Тетово е сличен, само што таа не се појави на некое од бугарските или српските музички шоуа, туку на такво во Малта кое е формат на популарното „Британија има талет“.
Едноставно облечена, без шминка и фризура, Децница со својата гитара во рацете застана пред жирито кое го воодушеви со својот настап, па дури паднаа и солзи.
Таа најпрвин раскажа дека пред пет години со ранецот на рамо одлучила да ја истражи Малта која многу и се допаднала, па решила да остане да живее таму.
Кога еден од членовите на жирито ја праша од каде е по потекло, Деница гордо кажа дека е Македонка.
Својот емотивен настап ѝ го посвети на мајка си, која починала пред 20 години, а токму тоа ја расплака едната членка од жирито која исто така ја загубила мајка си.
Деница почна со „Angels“ на Роби Вилијамс, а потоа поврза уште неколку песни како „Born this way“, па и локални малтешки песни кои го размрдаа жирито кое на крај и кажа дека е родена да биде на сцената.