Игор Џамбазов откако е со планинарката Илина Арсова, доживува животна преродба… Во колку чекори ќе биде, допрва ќе видиме, ама да се надеваме дека ќе бидат што повеќе, а најдобро безброј!
Обајцата живеат живот на свој начин, во хармонија со природата и здравото опкружување, а „урбаната џунгла“ ја посетуваат само кога тоа е ептен неизбежно и неопходно. Впрочем, во природа, покрај вода, во планина, на ледина… многу поздраво, поубаво, посреќно и веруваме, подолго се живее!
Градот „те голта, те цеди, те меле“… како машина за човечко месо! Маестро Џамбаз тоа дебело го почувствува на своја кожа во младоста. Дури и повеќе од што треба, па веројатно заради тоа и заради некаков друг склоп на животни околности, реши зрелоста да ја минува надвор од големата градска аждаја, родното Скопје!
И сето ова вака многу убаво изгледа и звучи, но многумина се запрашале: „Се’ е идилично и супер, јасно е како живее, ама нејасно е од што живее Игор Џамбазов? Има ли постојани приходи, плата, хонорари, дотации… Животот каде и да го живееш, за него потрбни ти се пари! А со толку слободно време за шетање и речиси катадневно крстарење по убавините на Македонија, соло или во двојка со саканата Илина – сеедно, кога наоѓа врема нешто да работи? И што тоа? Впрочем, оди ли секој ден на работа Џамбазов?
Прашања многу – одговорот еден. Маестро Џамбазов сам си го даде, или поточно, го постави како негова констатација, а дилема за останатите.
„Има луѓе што ништо не знаат, а може се’ да работат. А има и такви што се’ знаат, а ништо не работат“ – напиша, па сподели Џамбаз, на својот Инстаграм за добро утро.
Во која група спаѓа и самиот, не прецизираше. Веројатно остави сами да погодите… Или по ваше да одредите, каде припаѓа?!
Она што се факти е дека од дете бил талентиран, во младоста мултиталентиран, на работ помеѓу генијалноста и лудоста, а во зрелоста… Искусен, сталожен и мудар! И заради годините и заради минатиот труд… На сите полиња!
А за егзистенцијата? Веројатно можел и многу повеќе да има, да „не трошел“ многу, многу повеќе од што заработувал, а заработувал – ептен многу!
За сега да има доволно… Блуз, поезија, стихови, песна, проза, глума… во себе, за од нив да може да живее… Така, како што сака! И секако, многу повеќе љубов… за која „одново“ живее!
Фото:Инстаграм принтскрин