Поп-sвездата Наташа Беквалац призна дека повремено следи реални шоуа, но дека не би се обидела во ниту еден ваков формат. Или можеби би, ама, само под одредени околности:
„Треба да се случи целосно да полудам за да влезам во некое ријалити. Шегата на страна, мислам дека навистина не припаѓам таму, затоа што публиката не треба да ме гледа во сите тие мои изданија“ – ќе рече Наташа за „Свет“ и ќе додаде:
„Иако понекогаш сакам да ги гледам, зашто морам да признаам, таму има духовити луѓе“.
Новосадската барбика истакна дека нема ништо против оние кои, откако ќе ги „изгустираат“ ваквите ТВ-формати, запловуваат во музичките води.
„Немам проблем со тоа, навистина, секој треба да прави што сака. Но, ми се чини дека времето најдобро покажува кој е квалитетен и кој ќе остане, бидејќи времетраењето е единствениот показател за успех“ – изјави пејачката за споменатиот медиум.