Радио Милева Sorry "Story", ама се стори...

Боки 13 на домаќините „им го плесна в лице“ на промоцијата на „Story“: Тие нему награда, тој од говорницата им го „исплука“ директорот!

Боки 13 на домаќините „им го плесна в лице“ на промоцијата на „Story“: Тие нему награда, тој од говорницата им го „исплука“ директорот!

Српскиот естраден магазин „Стори“ („Story“) завчера, вторник, 20 март во скопскиот хотел „Александар Палас“ го промовирише првиот број на своето македонско издание. И како е Македонија земја на чуда и парадокси, иако уште неизлезени, естрадните експерти стартот го означија со делење на селебрити награди, на најпопуларните естрадни и не само естрадни лица и компании. Или што би рекле во народот: „Уште нероден Петко, а тие капа му скроија“, ама нејсе! За оправданоста и критериумите – друг пат ќе зборуваме и пишуваме.

За главен лик, или што би рекле домаќините – најселебрити фаца во земјава за 2017 беше прогласен Бојан Јовановски, алијас Боки 13. Освен главната награда за „личност на годината“, новиот македонски „ТВ магнат“ ја доби и наградата за „модна икона“ и покрај тоа што некои од македонските портали другиот ден искоментираа дека Боки 13 се појави во пижами да си ја земе наградата. Но тоа друга тема за муабет, која им ја оставаме на стручните македонски „фешн гуруа“!

И самиот изненаден, Боки13 откако се качи на сцената, од говорницата најпрвин кусо се заблагодари, ама и не пропушти прилика убаво да го „исплука“ првиот човек на „Колор прес груп“ – македонскиот издавач на „Стори“, новинарот Александар Наков. 

Ми давате награда за модна икона, а токму вашиот прв човек Александар Наков со години наназад најмногу плукаше по мене во Вашите претходни медиумски изданија како што беше Свет…“ – меѓу  другото кажа Боки 13 како дополнение на благодарницата, пред да слезе од бината!

Во кулоарските муабети меѓу повеќе или помалку познатите присутни на коктелот по завршувањето на официјалниот дел, ваквиот потег на организаторот и „лауреатот“ беше протолкуван различно.

Едни коментира во стилот: „Рани куче да те лае“, други пак, веројатно незадоволни од тоа што не се најдоа меѓу наградените: „Ако им е, така им треба“, трети: „Сега лижат, кај што тогаш плукаа, зашто Боки сега ќе им треба“, додека имаше и такви кои сметаат дека „личноста на годината според Стори“ сосема бил во право што на домаќините на нивни терен им ја плесна вистината в лице!

Како и да е, едно е сигурно:  Sorry “Story”, ама ете, се стори…!

 

 

 

To top