Во ден кога беа забележани рекордни 225 новозаболени од ковид-19 во Македонија, а учениците учат онлајн, ова е сликата од еден познат скопски бар, вчеравечер, петок 02 октомври 2020 година, во кој беше организиран настап во живо на познатата регионална поп ѕвезда, Владо Георгиев.
И покрај забраните за масовни собирања, еве денес во Скопје, во омиленото провладино соборалиште Мош бар во центарот на Скопје, сопственост на тројца газди блиски до власта, собир и масовна журка на над стотина лица. Но, власт нема кај блиските до власта, за нив се само правата и привилегиите, а обврските важат за сите други, пренесува „Вечер“.
Видео: Јутјуб/А1ОН