Се породи раперката Ники Минаж и на свет го донесе своето прво дете.
Ники и нејзиниот сопруг Кенет Пети кој беше 10 години во затвор поради силување, не го откриваат полот на бебето.
Веста за бременоста, познатата раперка ја објави во јуни оваа година.
„Љубов, брак, количка за бебе. Јас сум полна со чувство на благодарност и возбуда“ напиша пејачката.
Минаж ги шокираше обожавателите во октомври минатата година објавувајќи дека се омажила за пријател од детството Кенет Пети и се повлекува од јавниот живот за да основа семејство.
Кенет се појави заедно со раперката во секси сцената во спотот за нејзиниот летен хит „Мегатрон“. Ники и Кенет беа во врска кога таа имаше само 16, а тој 21.