Радио Милева „мачкини очи“

Познатите естрадни дами во регионот збудалеа по овој бизарен тренд: Трпат болки, им остануваат дупки, а за тоа даваат 3.000 евра!? (ФОТО)

Познатите естрадни дами во регионот збудалеа по овој бизарен тренд: Трпат болки, им остануваат дупки, а за тоа даваат 3.000 евра!? (ФОТО)

Последните месеци вистинсколудило кај познатите и славни девојки предизвика новиот естетски тренд кој во светот популарно се нарекува „мачкини очи“.

Комплетната постапка се изведува под локална анестезија, со подигнување и засекување на аглите на очите и веѓите во „мачкин изглед“, т.е. темпоралното кревање вклучува подигнување и затегнување на кожата и поткожното подрачје на темпоралниот регион.

Ова го решава проблемот со спуштени веѓи, дел од челото и спуштени надворешни агли на окото, и на тој дел од лицето му дава сосема поинаков изглед.
Овој третман главно е наменет за жени кои се во доцните триесетти и четириесетти години, но тоа го прават и многу помлади девојки, токму затоа што сакаат да ги искосат очите што е можно повеќе, за  да изгледаат што поегзотично.

Многу имиња од регионалната поп сцена ја извршиле оваа постапка, а меѓу нив се: Љупка Стевиќ, Сораја Вучелиќ, Ивана Шопиќ, Андрена Чекиќ, Станија Добројевиќ, Ана Кораќ, Драгана Митар, Миљана Кулиќ, Драгица Златиќ, Маја Маринковиќ, Јулија Стевановиќ , хрватската старлета Кристина Мандарина… и ред други.

Но, она што е можеби голем проблем кога станува збор за оваа интервенција, е тоа што по интервенцијата, може да се забележи дека на кожата остануваат дупки од постапката. Резултатите исчезнуваат по неколку месеци, а повредите се видливи.

На  страницата на еден познат пластичен хирург, цената на овој третман, кој вклучува лифтинг и третман на закосени очи и веѓи, цената изнесува  3.000 евра.

To top