Радио Милева

„Истанбулската невеста“ очајна: „Ниту еден маж не ме сака затоа што не сум убава како сите други актерки“

„Истанбулската невеста“ очајна: „Ниту еден маж не ме сака затоа што не сум убава како сите други актерки“

По неколку раскинувања потполно ја изгуби самодовербата.

Турската актерка Асли Енвер која на публиката и е позната како „Истанбулската невеста“ е една од најплатените актерки во Турција.

Иако на професионален план и оди одлично, не е така кога е во прашање и љубовта.

Имено, Асли три години беше во брак со колегата Биркан Сокулу од кој се разведе во 2015 година.

По разводот, на снимање на филмот „Брате мој“ се заљубува во актерот и музичарот Мурат Боза.

Претходната година се пофали дека е среќно заљубена, но пред неколку месеци медиумите во Турција пишуваа дека Мурат ја оставил Асли по тригодишна врска.

фото: Инстаграм

Но, нивната приказна не завршува тука. Овој април таа призна дека му дала уште една шанса, која не ги израдува нивните најблиски. Според некои медиуми, парот повторно раскинал на иницијатива на Мурат затоа што тој повеќе не можел да ги поднесе љубоморните испади на Асла и желбата за контрола.

Целата ситуација довела до нејзино ментално распаѓање, а извор за турските медиуми открива дека актерката почнала да се чувствува непожелна и дека веќе нема самодоверба.

фото: Инстаграм

„Ниту еден маж не ме сака затоа што не сум убава како сите други актерки. Усните не ми се доволно големи, очите ми се премногу потонати и секогаш изгледам толку депресивно поради формата на лицето ’, се пожалила таа на еден пријател за време на еден ручек, а сите други гости го слушнале тоа и на крајот им соопштиле на медиумите.

„Ми беше претешко кога ми раскинуваа. Тоа е најлошо во врската, а и тешко кога партнерот не може да ве разбере на вистински начин. Секоја врска е различна, но најважно е личноста со која сте во врска прво да ја гледате како човек, а не како момче или девојка. Тоа е најдобар темел да поставите основа на здрав однос“ вели актерката и признава дека до брак не сака да живее ниту со еден маж.

 

 

To top