Радио Милева

Taжни слики од болница: Криси Тајген го изгуби бебето

Taжни слики од болница: Криси Тајген го изгуби бебето

Познатата манекенка Криси Тајген на својот „Инстаграм“ објави тажна вест односно објави дека го изгубила бебето.

Криси претходната недела беше примена во болница поради крварење во текот на бременоста.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ushte-edna-teshka-bremenost-za-krisi-tejgen-itno-e-hospitalizirana-poradi-obilno-krvarenje-vo-pettiot-mesec-video-2/

Таа на својот „Инсграм“ објави фотографија на која го држи бебето во раце и плаче, а потоа објави како нејзиниот сопруг лежи до неа и се држат за раце.

фото: Инстаграм

„И покрај ќесите за трансфузија, не успеавме да го стопираме крварењето и на бебето да ја дадеме течноста која му е потребна. Едноставно, не беше доволно“, започнува Криси и додава:

„Никогаш не одлучувавме за името на бебето се до неговото раѓање, непосредно пред да ја напуштиме болницата.  Но,  од некоја причина почнавме ова мало момче додека беше во стамокот да го викаме Џек. Така да, засекогаш ќе остане Џек. Џек толку многу се трудеше да биде дел од нашето семејство и ќе биде засекогаш“, додаде Криси.

фото: Инстаграм

„Толку ми е жал што во првите моменти од својот живот се соочи со толку компликации и шти не можевме да ти даде дом потребан за преживување. Засекогаш ќе те сакаме. Ви благодарам на сите кои ни праќавте позитивна енергија, мисли и молитви“.

фото: Инстаграм

„Многу сме благодарни за животот кој го имаме, за нашите прекрасни бебиња Луна и Мајлс, за сите неверојатни работи кои успеавме да го доживееме. Во овој најтемен ден ќе тагуваме додека „очите не ни исаднат“. Но, силно ќе се гушнеме и ќе поминеме низ ова“ заклучува Криси.

 

To top