Радио Милева

Луна Џогани проговори за пријателството со Анастасија: Некогаш ги делевме и гаќите, но таа ми се налути!

Луна Џогани проговори за пријателството со Анастасија: Некогаш ги делевме и гаќите, но таа ми се налути!

Ќерката на Фанки Џи и учесничка во ријалити шоуто „Задруга“, ја отвори душата за пријателството со децата на Цеца Ражнатовиќ.

Луна до пред неколку години беше неразделна од Анастасија, но тогаш односите им заладија и тоа поради еден концерт на кој таа отишла.

-Анастасија и јас пораснавме заедно, делевме се, дури и гаќите. Но таа и Цеца ми забележаа бидејќи се појавив на концертот на Јелена Карлеуша. Јас не ни знаев дека таа пее, туку отидов во тој клуб бидејќи бев поканета на роденден. Можеби не требаше да објавам клипови од забавата, зашто очигледно тоа ја повреди Анастасија, раскажува Луна.

Индиректно го обвини и Константин Терзиќ за пропаднатото пријателство.

-Нејзе тогаш и беше важно момчето, повеќе од било што друго и премногу го слушаше. Мене ми е жал што сега поминуваме една покрај друга како странци, вели Луна.

To top