Радио Милева

Животна исповед на Андрија Милошевиќ: „Плаќав кирија 210, а платата ми беше 200 евра, колегите ми правеа појадок“

Животна исповед на Андрија Милошевиќ: „Плаќав кирија 210, а платата ми беше 200 евра, колегите ми правеа појадок“

Актерот Андрија Милошевиќ гостувајќи во емисијата „Преживеани“ на К1 телевизија зборуваше за своите почетоци и тоа дека на 16 години се запишал на глумачката академија во Црна Гора.

„Сега ми велат дека отсекогаш сум бил таков, но јас не се сеќавам. Знам само дека на приемниот испит на Академијата не знаев ништо за глумата, набрзина го подготвив Његош и уште две песни и тоа беше тоа. Но, знаев дека сакам на тоа да се посветам и тоа ме водеше“, вели Андрија и додава тајната за успехот е да бидеш приземен, но и да верував во своите соништа.

„Никогаш не полетав,никогаш не гледав никој со непочитување. Тоа е мое воспитување кое го носам од дома. Ми се случуваа лоши работи, но никогаш не чувствував лутина, секако дека ме болеше, но не дозволив да преовладуваат моите комплекси. Не треба луѓето со скратен ум да ни бидат препреки, туку постојано треба да одите напред, онака како се чувствувате“ вели актерот.

фото: Милан Илиќ/рас србија

Тој откри и колку му било тешко кога се преселил во Белград со оглед на тоа дека бил млад актер кој немал голема плата.

фото: митар митровиќ/рас србија

„Тие почетоци во Белград колку и да беа тешки и без пари, сепак беа среќни“ вели Милошевиќ и додава:

„Ми помагаа колегите и пријателите.  Јежда ми подготвуваше појадок, Горан Јевтиќ ми наоѓаше работа, но тогаш кога финасиски ми беше најтешко, јас бев среќен. Живеев во воз една година бидејќи секој ден патував Белград- Црна Гора, за да ги одиграм претставите. Затоа дојдов на идеја да продуцирам претстава. Позајми пари за претставата „Само за твои уши“ затоа што плаќав стан 200 евра, а платата ми беше 210 евра“ вели актерот.

To top