Кога е во прашање ризична бременсост или спонтан абортус, славни дами имаат пракса тоа да го откријат јавно и да покажат дека и ним им се случува.
Славаната манекенка и сопруга на пејачот Џон Леџенд, Криси Тиген е префрлена во болница откако за време на бременоста имала обилни крварења.
Таа го очекува своето трето дете, момче,а и во претходните две бремености од кои роди здрави деца, имаше сериозни проблеми со плацентата кои се повторуваат и овој пат.
Тие двајца веќе ја имаат ќерката Луна (4) и синот Мајлс (2). Во неделата навечер, Криси споделила видео од својот болнички кревет, објаснувајќи дека крварењето се влошило откако веќе со недели лежела во кревет.
„Се одморав во кревет неколку недели и тоа беше буквално супер одморање во кревет“, објаснила во една прилика на Инстаграм.
„Станувам набрзина да појдам до тоалет и тоа е тоа, се капам двапати неделно без туширање. Колку е можно помалку. Постојано крварам. Отприлика сум на половина бременост, а крварам веќе еден месец – можеби нешто помалку. Но, зборувам за нешто што е подолго од вашата менструација. Многу луѓе забележуваат крварење и тоа обично е во ред, но моето е баш обилно“, рекла Криси.
„Наједноставно кажано, мојата плацента е навистина, навистина слаба“, додала манекенката.
Поранешната манекенка се обидела да ги смири обожавателите и зборувала за здравјето на нејзиното момче, па додала:
„Значи, се чувствувам навистина добро, бебето е здраво. Повеќе напредува од Луна или Мајлс. Многу се движи, и тоа почна да се случува многу порано од претходните двајца“.